Почит кон себе е да си го дозволиш најдоброто, или да и' дозволиш на добрата музика да биде дел од твојот живот. Да направиш илуминација на звуци во себе кои секогаш ќе те потсетуваат на квалитетна музика, акорди кои се на иста фрекфенција со твоите мисли. Тоа е она што ме иницира да размислувам поразлично, а всушност како многу други. Вечна инспирација е музиката на минатиот век која дефинитивно ќе остане запаметена уште многу долго.
За да ги сфатиме барањата кои извираат од самите себе треба да ги преслушаме нотите со кои сме родени, а без да го промениме жанрот на истите. Ги сакам луѓето со кои ќе го пронајдам најголемиот пресек на музичките кругови, оние со кои ќе биде лесно да пронајдам музички НЗС, а сепак да ги испочитувам моите идеали кои јасно ги гледам, покрај другото, и во рок музиката. Кога со сето ова ќе го храниш својот дух и ќе го обновуваш своето тело, ќе бидеш сигурен дека се почитуваш себе си и твојот поглед кон животот.Допирите од вибрациите на рок музиката во моето тело се претвораат во позитивна енергија која сакам на сите да им ја пратам заедно со желбата и тие да го почувствуваат ова божество и да уживаат во него.
Author:Alex
Author:Alex